(Фото) Каролина им направи незаборавна концертна журка на тетовчани во Лешок

Каролина Гочева имаше незаборавен концерт во Лешок. Поп пејачката настапи пред голем број млади фанови кои буквално уживаа во одлична музика во доцните часови. Сите заедно во еден глас ги пееја нејзините хитови.

„Незаборавна дружба со тетовчани по подолго време. Ви благодарам на поканата. До следниот пат“, рече Каролина по концертот.

За потсетување, пејачката неодамна настапи во родната Битола, каде одржа голем концерт во Голд Фелициа.

Scroll to Top