(Фото) Каролина одржа концерт на Хераклеја: Ја најавија со огномет, а таа направи журка за паметење

Поп-ѕвездата Каролина Гочева вчеравечер имаше концерт на античкиот театар Хераклеја во Битола, каде што го отвори културното лето во својот роден град, „Бит фест“. По долга пауза, Каролина пееше пред своите сограѓани.

Таа два часа ги забавуваше битолчани со своите најголеми хитови, а на социјалните мрежи се појавија видеа и фотографии од одличната атмосфера на Хераклеја.

Каролина најави концерт под отворено небо на 1 јули на стадионот на АРМ во Скопје со наслов „Ајде да летаме, Greatest hits“.





Фото: Општина Битола Фејсбук

Scroll to Top