(Фото) Каролина славеше роденден

Поп-пејачката Каролина Гочева го прослави 38. роденден. Во женско друштво, со Тамара Тодевска, со својата долгогодишна соработничка и стилистка Цаци Паковска и со Олга Костовска, таа вчеравечер се забавуваше во еден од скопските клубови.

Фотографијата од дружбата, со порака „Среќен роденден Каролига Гочева“ ја објави Тамара на својот инстаграм-профил. Сепак, роденденот на Каролина е дури на 28 април, а предроденденската забава се случи скоро две недели порано.

 

Scroll to Top