Катарина Ивановска вчера го прослави првиот роденден на Кира. Таа сподели неколку фотографии од роденденските честитки за нејзината ќерка. Лани во деветиот месец од бременоста таа беше гостинка во Репортер и зборуваше за мајчинството, за синот Вања, но и за ќерката за која вели „среќна е што кончено има наследничка“. Во времето на пандемијата, Катарина, често споделуваше фотографии како го минува времето со двете деца дома, а летово го минуваа во куќата во Маврово.