Македонскиот топ-модел Катарина Ивановска е на насловната страница на јануарското издание на списанието „Ел Србија“. И Катарина, како и повеќето личности што се занимаваат со јавна професија, поради пандемијата, немаше ангажмани, но сликањето за „Ел“ дојде како освежување пред новогодишните празници. За „Репортер“ таа ни откри дека за сликањето ја ангажирала нејзината агенција од Белград.
„Снимав за јануарскиот број на ‘Ел’ во новогодишна атмосфера. Нормално дека многу ми недостигаа ангажманите поради пандемијата. Како и сите бизниси, така и модната индустрија е стопирана. Се надевам дека во 2021 година светот ќе почне нормално да функционира“, ни рече Катарина.
По породувањето со ќерката Кира пред една година, ова е еден од првите модни ангажмани на Катарина.
(А. Г.)