(Фото) Катарина направи забава на Зајчев Рид за синот

Македонскиот топ-модел Катарина Ивановска вчера го прослави првиот роденден на синот Вања. Таа и нејзиниот маж Цобе со најблиските пријатели и роднини се забавуваа на тениското игралиште „Евросет“ на Зајчев Рид. На крајот на роденденската забава, заедно со Вања ја дувнаа свеќата на роденденската торта. За првиот роденден на синот, Катарина и Цобе избраа едноставна бела торта.

 

Поради мајчинството Катарина направи подолга пауза од работата. Неодамна таа му се врати на моделингот, а првата фотосесија ја сними на Миконос.

Во едно неодамнешно интервју за „Репортер“ Ивановска рече дека ќе го води Вања на сите нејзини патувања и дека голема желба ѝ е еден ден ќе го одведе во Њујорк, за тој да го види градот во кој живеела и работела неговата мајка.

Scroll to Top