(Фото) Ќерката Хана и Влатко, емотивна фотка со која Тамара се потсети на својот најдобар другар

By

Поп-пејачката Тамара Toдевска, која му беше најдобра другарка на Влатко Илиевски, објави стара слика на која пејачот ја држи во раце нејзината ќерка Хана кога таа била бебе.

„Ми недостигаш, сакам да си тука“, напиша Тамара на сликата што ја сподели на „Инстаграм“.

Пејачката не крие дека и две и пол години по смртта на Влатко ѝ недостига нејзиниот најдобар другар. Таа на годишнината од неговата смрт, во јули, со емотивна порака на „Фејсбук“ се сети на нивниот последен муабет и откри дека на Хана често ѝ зборува за Влатко, па жали што таа била премногу мала за да го памти.

Тамара и Влатко заедно ги почнаа своите музички кариери уште во времето кога тој беше вокал во групата „Морал“. На естрадата важеа за неразделни пријатели. Влатко почина на 33 години, на 6 јули 2018 година, а беше пронајден мртов во автомобил на булеварот Трета македонска бригада.

Ќе ви се допадне

The Rising of the Shield Hero (Dub) (https://gogoanime.be/m/0Dyk) Episode 25 at website https://gogoanime.be gogoanime boku no hero

That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Episode 24.9 – Digression: Hinata Sakaguchi Episode Full at website https://animeflix.nl. See more animeflix i want to eat your pancreas