Актерот Сашко Коцев објави фотографија на својот Фејсбук на која е со својата ќерка Јоана. Актерот ги разнежи неговите пријатели, затоа што тој ретко објавува семејни фотографии. Сашко и неговата сопруга Смиљана во ноември 2017 година станаа родители. За раѓањето на Јоана се славеше села ноќ во кафеана, а Сашко неколку пати досега изјавил дека татковството го променило.