(Фото) Ќерката на Андријана ја одигра улогата во претставата „Галеб“ за својата почината мајка

Вчеравечер во Театарот „Комедија“, Стефанија, внуката на Јулија, ќерка на неодамна починатата Андријана, играше во преставата ,,Галеб”  на Чехов. Таа ја играше улогата на Нина, а Јулија сподели неколку фотографии.

„Стефанија оваа улога, оваа претстава ја играше и ја посвети за својата мајка. Оваа улога е за  Андријана, за нашиот ангел небесен. Благодарност и до целата екипа од претставата, за сета маестрална енергија која ја донесоа на сцената и направија незаборавно доживување“, вели Јулија. Ќерката на Андријана е студент на ФДУ, Јулија никогаш не пропуштила досега ниту една нејзина претстава.

По две години борба со ракот, неодамна почина Андријана Мицевска, ќерката на пејачката и водителка Јулија. Во 2020 година на роденденот на Андријана ѝ беше дијагностициран рак, кој метастазирал на коските и црниот дроб. По една година хемотерапии и зрачење, таа успеа да застане на нозе. Лани Јулија на роденденот на ќерка си напиша дека изминатата година направила пресврт во нивните животи. Уметници и пријатели на Андријана ги продаваа своите дела по прифатливи цени и собираа средства за нејзините понатамошни лекарски трошоци.

Scroll to Top