Ќерката на Кате и Трајче од фолк-групата „Соната“ ги наследила музичките гени на своите родители. Откако музичарите на „Фејсбук“ објавија слика од деветмесечната Ана со микрофон во раката и порака „Ајде да пееме“, пријателите коментираат дека таа ќе биде пејачка како мајка ѝ.
Ана е прво дете на пејачката и клавијатуристот од фолк-групата „Соната“. Кате и Трајче се венчаа лани по 18 години врска, а еден месец потоа ја добија ќерката Ана.