(Галерија) Ќерката на Софија се омажи во Хрватска

Викендов на најпопуларниот хрватски остров Хвар се омажи ќерката на Софија Куновска, Матеа, која ја има од бракот со познатиот урбан скопски лик Васе Лондза. Матеа Лондза Матевска била подолго време во врска со нејзиното момче Ариан Шмуковски, кој е од Скопје. Желбата да се венчаат на Хвар била заедничка, ни раскажа Софија Куновска.

„Си ветија таму дека ако некогаш нешто прават, тоа ќе биде на Хвар. И навистина така беше. Јас сум пресреќна.  Што и да кажам ќе одземам од тоа што го чувствувам и што им посакувам.  Прославивме раѓање на едно ново семејство. Им посакувам да се чуваат, да се сакаат, семејството да биде цврсто, да расте во добро здравје и да плови по мирни води за навек“, изјави за „Репортер“,  Софија Куновска.

Невестата била облечена во едноставна, но модерна  венчаница, со венче од цветови во косата. Комплименти доби и Софија Куновска, која освен актерка, беше пратеник, ама и советничка во Град Скопје. Матеа и Ариан често оделе во Хрватска, на Хвар, каде што работи и слика таткото на Матеа, Васе Лондза, кој освен во Хвар,  живее и во Париз, Франција.

Александра Георгиев

 

Scroll to Top