(Фото) Ќерката на Сузе се пофали дека е вљубена  

Теона Спасовска, ќерката на фолк-пејачката Сузана Спасовска, се пофали дека е вљубена. Таа објави фотографија на својот фејсбук-профил со своето момче Виктор Величковски, а под фотографијата напиша. „Некои луѓе цел живот го бараат тоа што јас го најдов во тебе“, напишала Теона. По ова следеа коментари дека најверојатно на овој начин сака да најави дека планира свадба со своето момче Виктор. Иако нејзината мајка важи за една од најпознатите пејачки кај нас и е една од ретките кои го учат кинескиот јазик, нејзината ќерка Теона никогаш не се експонира во јавноста, ниту, пак, се занимава со пеење.

Scroll to Top