(Фото) Кире Лазаров е најдобар ракометар во Европа на сите времиња, ЕХФ објави статистика од Лигата на шампионите

Македонскиот ракометар Кире Лазаров е прв на листата од 16.612 ракометари од целиот свет на стрелци на европските натпреварувања, според ЕХФ.

Лазаров има 1.596 гола, од кои 1.482 дадени во Лигата на шампионите и 59 во Европската лига и ЕХФ-купот.

По него, на листата се Никола Карабатиќ, Тимур Дибиров, Момир Илиќ  и други.

Неодамна клубот Нант на ракометарот му приреди кралско испраќање откога Кире најави дека ја завршува ракометната кариера. Лазаров беше крунисан со круна додека седеше на престол.

Кире Лазаров последниот натпревар во кариерата го одигра против ПСЖ во дресот на Нант во финалето на францускиот куп. Тој кариерата ќе ја продолжи како селектор на македонската ракометна репрезентација.

Scroll to Top