(Фото) Кире Лазаров во каубојски стил го одбележа крајот на кариерата на болниот другар

Со фотографии на кои се облечени како каубои, но и со неколку слики во дресот на „Барселона“, Кире Лазаров го одбележа крајот на кариерата на неговиот пријател и поранешен колега, Виктор Томас.

Томас има проблеми со срцето и ќе мора да се повлече од активно играње ракомет на крајот од сезоната. Тој на прес-конференција пред новинарите изјави дека лекарите му констатирале сериозна срцева слабост.

Кире и Томас играа заедно пред неколку години, кога македонскиот капитен играше за „Барселона“.

„Беше чест да се дели соблекувалната со толку борбен и квалитетен играч, но пред се, со толку добра личност. Вистинска штета е што го оставаш ракометот, но треба да бидеш презадоволен и горд на тоа што го оствари. Ти посакувам многу среќа од срце во преостанатиот дел од животот. Остануваме пријатели засекогаш“, му рече Кире на Томас.

 

 

Scroll to Top