(Фото) Кристина пак доби непристојна понуда: Секоја будала јавно ќе ја кажам

Манекенката Кристина Димитриевска често има проблем со непристојни обожаватели, и мажи и жени, за кои јавно проговори во интервју за „Репортер“. Таа пак на Инстаграм доби непристојна понуда,  „торбичка полна со пари“ од извесен фан, под услов „ да биде со него“, по што Кристина јавно ја сподели фотографијата  .

„Секоја будала со вакви понуди ќе биде (објавена) со име и презиме на стори, па ако сте за, продолжете“ – напиша манекенката.

 

Димитриевска неодамна во интревју за „Репортер“ кажа дека секогаш јавно ги споделува непристојните пораки од фановите.  Таа ни откри дека порано и извесна дама позната во јавноста била опседната со неа,  па ѝ праќала секакви пораки, а го вознемирувала и нејзиното семејство. Кристина беше во брак со пејачот Даниел Кајмакоски, со кого се разделија пред две години. Двојката го има синот Давид.

Scroll to Top