Македонскиот пејач Ламбе Алабаковски заедно со семејството, сопругата Магдалена и синовите Димитриј и Михаил, со години е на Флорида, САД. Тој објави неколку фотографии од домот и од синовите, кои позираат пред новогодишната елка. Како да се во новогодишна бајка, коментираа на социјалните мрежи.
Ламбе во април стана татко вторпат кога го доби синот Димитриј. Првиот син, Михаил, има 6 години и е роден на ист датум, 16 ноември, како и Ламбе.