Со слика на која е бебе облечено во сино, водителката Лила Филиповска се потсети на детството. Таа објави стара семејна фотографија сликана во Гетегорг, Шведска, каде што е родена. „Спомени. Мојата мајка, сестра ми и јас како бебе“, напиша Лила на сликата. Фотографијата ја споделија и неколку твитерџии со коментари „Лила баш била буцко“. Други, пак, рекоа дека и како бебе била многу слатка.
47-годишната водителка на своите профили на социјалните мрежи секојдневно објавува слики и видеа од сè што прави во текот на денот. Нејзините фанови неодамна ја критикуваа дека чевлите со потписот на Ив Сент Лорен што ги доби за роденден ѝ се мали, а таа како сосила да ги натиснала прстите во елегантниот чевел.
(Фото) Стапалото на Лила едвај влезе во штиклите, прстите останаа згмечени