(Фото) Лоба на одмор, малку забава среде пандемија во Дубаи

Пејачката Викторија Лоба веќе неколку дена е во Дубаи. Дека се забавува и додека трае пандемијата, Викторија покажа со сликите и видеата што ги објавува на својот „Инстаграм“: фонтаната што пее, хотелот „Бурџ ал-Араб“, најголемата продавница за слатки, а се качи и на највисоката кула во светот – Бурџ Калифа. Но, Лоба и во Дубаи ги почитува мерките за заштита од короната, па на повеќето фотки што ги објави носи маска, како што налагаат правилата.

Scroll to Top