Со пршута, кашкавал, егзотични овошја, јагоди, риби… поставени на софра, пејачката Вокторија Лоба се пофали дека ужива на Санторини. Нејзините обожаватели воодушевени од сервираните делиции на масата ја пофалија дека знае како да живее, но имаше и коментари дека пејачката се „расфрла со скапи јадења во јавност“.
Лоба, освен што рекламира повеќе брендови, изминатиов период беше актуелна и по тоа што се појави во спотот „За европска Македонија“.