Поп-пејачот Влатко Лозановски е на одмор. Тој се пофали дека последните денови од летото ги минува на море и на изненадување на своите обожаватели, објави слика со голо торзо, спремен да оди на капење. Лозано е еден од оние пејачи на естрадата кои ретко споделуваат вакви фотографии, па новата слика од Лозано, според коментарите на „Инстаграм“, им направила ќеф на обожавателките.