(Фото) Љубов и пикник за Тања и Новица

Фолк-пејачката Татјана Лазаревска и нејзиниот маж, Новица Василевски, беа на пикник во Мелбурн, Австралија, каде што живеат скоро шест години. Седнати еден до друг, со рацете направија срце, а Тања сликата ја објави на социјалните мрежи. Пејачката не крие дека ужива во љубовта со Новица и во поддршката што си ја даваат еден на друг.

„Убаво е чувството кога знаеш дека за сè во животот имаш на кого да се потпреш“, напиша таа.

Тања и Новица во мај прославија 17-годишнина од брак. Тие ги имаат синовите Стефан и Петар.

 

Scroll to Top