Македонскиот претседател Ѓорге Иванов и неговата сопруга Маја вчера се сретнаа со кралот Абдула Втори и кралицата Ранија од Јордан. Тие со кралското семејство се сретнаа во главниот град на државата, Аман, и беа пречекани со највисоки почести. Потоа, кралицата Ранија на својот профил на „Инстаграм“ сподели слика од средбата. „Со првата дама на Република Македонија во палатата Хусеинија“, стои на фотографијата.
На средбата со јорданската кралица, Иванова носеше беж костум со чевли на ниска потпетица. Јорданската кралицата, пак, беше облечена во темновиолетов фустан и креацијата ја искомбинира со сини салонки и чанта од марката „Ботега венета“.
Неодамна Маја Иванова во Париз се сретна со првите дами на Франција и Америка, Брижит Макрон и Меланија Трамп.