(Фото) Македонски фудбалер се ожени со хрватската пејачка Лана Јурчевиќ

Македоскиот фудбалер Ристе Митревски вчера се ожени со популарната хрватска пејачка Лана Јурчевиќ. Тие прво се венчаа во црквата „Свети Марко“, а потоа имаа свадбена веселба во еден познат ресторан во Загреб. На свадбата имаше и гости од Македонија, поранешни соиграчи на Митревски од времето кога тој играше во „Металург“. Меѓу нив беа и Марко Симоновски и Оливер Пеев.

Според гостите, свадбата била многу весела. Лана носеше венчаница од тантела, а Ристе беше облечен во елегантен црн костум.

Митрески, кој сега игра за кипарскиот клуб „Еносис Неон Паралимни“ и познатата пејачка се запознале додека тој играл за хрватскиот клуб „Истра 1961“. Според хрватските медиуми, 25-годишната пејачка е бремена и тие догодина ќе станат родители. Инаку, Лана е ќерката на хрватскиот тренер, а сега селектор на репрезентацијата на Азербејџан, Никола Јурчевиќ.

Scroll to Top