Македонскиот фудбалер Ердал Ракип ја побара за сопруга својата девојка Кандан на највисоката зграда во Скандинавија. Тој објави фотографија со свршеничкиот прстен од зградата Туринг Торсо висока 190 метри.
Тие беа подолго време во љубовна врска пред да се решат за брак. Ракип е фудбалер на шведскиот клуб Малме и за првпат беше повикан во репрезентацијата на Македонија.
Тој е со потекло од Ресен и беше во конкуренција за настапите на репрезентацијата против Лихтенштајн и Германија.