Најновото саботно издание од извлекувањето на Ново Лото 7/34 на Државна лотарија кое се емитува на телевизија Сител, помина без водителката Марјана Станојковска.
Додека таа ја води програмата од „Пиво фест“ во Прилеп, на нејзино место дојде нова колешка – водителка која сите добро ја знаете од телевизија, пишува Вистина.
Па така, гледачите и верните лото играчи вчеравечер (15.07.) беа пријатно изненадени од промената пред камери, каде се појави младата и шармантна водителка од утринската емисија „Ја сакам Македонија“, Елена Стојановска.
Елена секако им донесе среќа на добитниците, а исто така одлично се снајде во улогата на својата колешка Марјана Станојковска.