(Фото) Мартија од „Пинкови ѕвездички“ како Лара Крофт

Пејачката Мартија Станојковиќ од „Пинкови ѕвездички“, го смени имиџот за новата фотосесија и се сликаше во стилот на Лара Крофт. Таа ги праша фановите дали потсетува на популарната хероина од филмовите, бидејќи за сликањето имаше црна коса и леќи на очите.

„Дали да се пријавам на аудиција за следниот филм за Лара Крофт?“, напиша таа покрај сликите на „Инстаграм“. Фановите на младата пејачка го бендисаа нејзиниот нов имиџ и ѝ коментораа дека може да ја замени Анџелина Џоли.

За потсетубвање, публиката ја запозна Мартија преку популарното шоу „Пинкови ѕвездички“. Таа настапуваше во истата сезона со Антониа Гиговска и стигна до финалето. Потоа настапи на неколку фестивали во Македонија, но не постигна некој поголем успех. Но, Мартија е постојано активна на социјалните мрежи и го привлекува вниманието на јавноста со своите објави и изгледот.

Scroll to Top