(Фото) Мелита го прослави роденденот на својата ќерка

Барбара, ќерката на поранешната водителка Мелита Ракичевиќ, наполни 14 години. Таа е единственото дете на Мелита, која ја има од бракот со Соме. Ексводителката вчера се пофали дека нејзината ќерка пораснала, па објави многу слики и заеднички видеа. „Кога порасна кукло моја“, напиша Мелита на едно од нив.

Мелита постојано споделува семејни слики од Барбара, но многу почесто објавува видеа на кои таа свири и пее. На сите нив Ракичевиќ вели дека е горда на својата ќерка и на нејзиниот музички талент.

Мелита и Барбара често одат заедно и на јавни настани, па неодамна се дружеа на концертот на Цеца во Охрид.

(Фото) Мелита позгодна од ќерка си

 

Scroll to Top