Поранешната водителка Мелита Ракичевиќ сѐ почесто привлекува внимание во медиумите. Повеќе поради изгледот отколку за нешто друго. Некогаш за неа се пишуваше како вљубеник во животните за што имаше и емисија на една од телевизиите, но денес актуелни се силиконите. Кога таа и да сподели фотографија на социјалните мрежи, следбениците го коментираат нејзиниот изглед. Од тоа дека е непрепознатлива во лицето, сеедно дали е тоа ботокс, лифтинг или пластика, до силиконските гради, кои и пред некој ден ги покажа на „Инстаграм“.
Не е само Мелита единствената од јавните лица за кои се зборува. И Лила Филиповска остава впечаток, пишуваат на социјалните мрежи, дека тргнала натаму и на нејзините нови фотографии што ги споделува се забележува разлика во лицето. Лила, велат на социјалните мрежи, воопшто не изгледа исто како што изгледаше пред извесно време. И таа стави силиконски гради пред три години во Солун за што се пишуваше во медиумите.
Ботокс, лифтинг, затегнување, пластика… сето ова одамна го применуваат познатите и во светот и во регионот. Колку за споредба – хрватската ѕвезда Северина е една од оние кај кои се забележува разлика во изгледот на лицето некогаш и сега. Од светските ѕвезди може да се издвојат Никол Кидман, Памела Андерсон, Шер и многу други.