(Фото) Месец дена откако се ожени Дац, сега се жени и неговиот син

Синот на Драган Спасов Дац, Јаков ќе се жени со својата девојка Софија. Убавата вест ја објави Дац, кој објави и фотографија од тортата со двата прстени.

 „Добив уште една ќерка, тоа е мојата снашка Софија. Љубов во неограничени количини“, рече Дац, кој доби голем број честитки.

За потсетување, глумецот се венчаше пред месец дена на неговиот 59 роденден. Неговата партнерка Весна, со која беше десет години во врска го изненади кога му предложи брак во кафулето „Трибека“.

Scroll to Top