(Фото) Миа Костова: 100 дена во сала за вежбање до топ-тело

Поранешната водителка Миа Костова од неодамна постојано е во салата за вежбање. Таа рече дека си поставила предизвик да вежба 100 дена, но по поминати 24 дена во теретана, веќе има резултати во изгледот. Костова каоо да им стана инспирација за многу жени и девојки, па покрај јавните објави за борбата со депресијата и паничните напади, овој пат таа мотивира со физичкиот изглед. По скоро еден месец поминат во теретана, не престануват пораки, прашања и поддршка за она што го прави, како и тоа дека инспирирала многу дами да почнат со вежбање. Миа откри дека од 30 дена, 23 одела на вежбање, исхраната не ѝ била ригорозно променета, а иако килажата и на двете фотографии е иста, промената веќе се гледа.

Scroll to Top