Водителот Миленко Неделковски се пофали дека сака морска храна. Тој на својот фејсбук-профил сподели фотографија со чинија преполна со школки. Школки подготвени со маслиново масло, лук, магдонос и лимон важат за деликатес што се подготвува во Далмација. Па така и Миленко, веројатно гурман на морско, откако ја објави сликата навлече многу коментари, меѓу кои и „ полека, се удави во чинијата со школки“.