Поп-ѕвездата Каролина Гочева на крајот на септември отиде на летување со сопругот Михаил Корубин. „Конечно, лето“, напиша таа на сликата што ја објави на „Инстаграм“.
И иако во време на карантинот речиси сите јавни личности објавуваа препораки да се седи дома, да се носат заштитни маски и да се држи дистанца, повеќето уште во јуни отидоа на летување во Охрид. Потоа, кога се отворија границите, многумина од нив не додржаа, па заминаа па летување во Турција и Албанија.
Инаку, претходно Каролина цело лето објавуваше слики од Битола и Пелистер, каде што често одеше на планинарење со сестра си и со сопругот, а неколку дена беше и во Охрид.