Александар Стевановски, кој е голем обожавател на фолк-пејачот Ѓоко Јовиќ, ја истетовира раката со неговиот лик, оти бил вљубен во неговата музика. Не е тајна дека Јовиќ има многу обожаватели, особено надвор од земјава, но веројатно Александар Стевановски е еден од ретките кои решиле да го истетовираат ликот на пејачот. Стевановски фотографијата со ликот на Јовиќ ја објави на неговиот профил на „Фејсбук“, коментарите беа различи, едни се чудеа на постапката, други го охрабрија.