(Фото) Огроман букет ружи за Натали од сопругот Дрен за шест години брак

Поранешната манекенка и лото девојка, Наталија Грубовиќ Глушац, денес прослави шест години брак со нејзиниот сопруг Дрен Глушац. Двајцата се заедно од 2016 година и со нивната ќерка која исто така се вика Натали живеат во Нови Сад.

„Кога сопругот ќе те изненади после добар тренинг. Среќна годишнина“, напиша Натали покрај фотографијата на која позира со огромен букет ружи.

За потсетување ќерка ѝ го доби името според прекарот кој актерот Игор Џамбазов ѝ го даде на Натали додека заедно го водеа бингото, а минатата година таа откри дека истото му се допаднало и на Дрен.

Натали е прво дете на Наталија. Таа својата бременост ја криеше од медиумите и многумина дознаа дури кога стана мајка. Некогашната манекенка се породи во приватна клиника во Скопје.

 

 

Scroll to Top