ДНК имаат нова песна со наслов “Пола човек”. Текстот е на Панчо, аранжманот на Лазар Цветковски, а музиката нивно заедничко дело.
Песната, и повторно очекувано за Панчо и Андреј, излегува во истовреме со спот кој го режираше Александар Ристовски – Принц. Кадрите за видеото се веќе снимени и тоа на неколку интересни локации меѓу кои една напуштена фабрика, на отворено и во хотекот Loginn.
Во прашање е една несекојдневна приказна, односно крими триаголник и љубовна измама – динамично видео во стилот на Панчо и Андреј. Главната улога ја има Олгица Стрика од Куманово, девојката која всушност се појавува и во спотот за “Само таа знае како”.
Премиерата на “Пола човек” се очекува во првата недела од месец март, а освен Панчо, Андреј и Олгица во видеото се појавуваа уште тројца интересни статисти. “Веруваме дека повторно спакувавме оригинална и поразлична видеоприказна. Како и секогаш се обидовме да бидеме оригинални и интересни”, велат ДНК.