(Фото) Овчарот од Пухче ја ожени Спенџарска, со опинци ја направи принцеза

Марјан Трајчев, овчар од селото Пухче, Штип преку „Фејсбук“ ѝ предложи брак на водителката Јелена Спенџарска. Вели, доста ѝ е шетање, време ѝ е да се мажи, а дека тој од неа ќе направи принцеза. Марјан и Јелена се запознаа пред неколку години, кога таа го интервјуираше. Тогаш, ергенот-овчар како што го нарече Јелена, во интервјуто јавно побара помош да си најде жена домаќинка што ќе му помогне да го чува стадото со 300 овци.

Јелена и Марјан

„Јелена, имам некој јак осет дека ваа година свадба ќе правеш сигурно, а кој ке биде среќнико нека биде ама ваа година е твојта година, време ти е Јеленче не ти мислам лошо. Озбилно, сестра ти помала од тебе ожени се, и ти ќе се оженеш, хахаха ќе биде по мое, куќа ќе гледаш, деца, ќе чуваш, доста ти е шетање, ќе бидам среќен дека сум те исправил по правиот пат да бидеш домаќинка. Сакам да имаш живот од соништата како принцеза да бидеш, срничка, лавица, како свет од бајките да имаш“, пишува тој во пораката до Спенџарска.

Тој во пораката објави и неколку слики од Спенџарска, па ѝ порача дека сака да имаат четири деца, две момчиња и две девојчиња.

Scroll to Top