(Фото) Пак клавам голои како порано, Филе доби третo дете

By

Познатиот спортски новинар Игор Филевски – Филе стана татко. Со сопругата Ана го добија третото дете Марио. Обајви и фотографии од него од болницата во Малта каде живее од 2015 година.

dobivaj vesti na viber

„Дојде и тој ден. Марио е одлично, мајка му е исто така, ама малку уморна. Јас сум добро, да не ме мислите, иако бев најизмачен и најстресиран, што е нормално, нели, бидејќи секоја бременост најтешко и најспектакуларно ја поминува мажот. Да ми кажуваше некој некогаш, кога бев млад и полузелен дека кога ќе имам 53 ќе станам пак татко и дека на оваа возраст ќе лулкам и шеткам бебе, ќе мислев дека е луд или дека му се измешале брзините. Не трчам веќе така јако и добро на фудбал, како некогаш, но со умот сум поефективен и пак клавам голои и од место, рече Филе.

За потсетување, во Малта го доби и синот Лео, а од претходно доби и ќерката Аргентина чие име ѝ го даде од љубов кон јужноамериканската земја.

 

Ќе ви се допадне