(Фото) Панчо си ги истетовира фудбалерите: Детскиот сон мора да се овековечи

Владимир Блажев или Панчо од ДНК, на ногата ги истетовира имињата на сите 22 македонски фудбалери што играа во квалификациите на настап на Европското првенство 2021. Тој го истетовира и македонското знаме, ама и името на селекторот Игор Ангелов. Со тетоважата се пофали на социјалните мрежи, оти, вели, му се исполнил детскиот сон.

„Кога ќе ти се исполни детскиот сон, моментот мора да се овековечи. Оваа тетоважа ми е една од позначајните кои ги имам на моето тело и сум горд на истата исто толку колку што сум горд и на нашите репрезентативци кои ни ја приуштија оваа неопислива радост. Ни покажаа и докажаа на сите нас како со сплотеност и верба се постигнува успех. Браво момци, херои наши. Македонија на Европско 2021“, напиша Панчо покрај сликите што ги објави на Инстаграм.

За потсетување, пред неколку недели, тој на шега на челото нацрта женски задник во танга, па тогаш рече дека на овој начин „се пере од гревеовите што ги направи летоска“.

Scroll to Top