(Фото) Петре Шилегов се пофали со ќерката матурантка

Ќерката на скопскиот градоначалник Петре Шилегов, Симона, стана матурантка. Тој ѝ честита и напиша дека се гордее со неа. „Среќна матура“, ѝ напиша Шилегов.

Шилегов неодамна за „Репортер“ ни рече дека со Симона имаат роденден во ист ден. Тој се потсети на времето кога и тој бил средношколец и како ќе го бркале од економското училиште „Борис Кидрич“ затоа што имал долга коса.

„Ќе ме исклучуваа тогаш, наставници, па директорот… сите. Па долгата коса ја скратив да биде панкерска. Сите со сина кецела на училиште, јас со работнички мантил. Ама ете, тоа е таа бунтовност што ја имам од дете и ме следи цел живот“, раскажува скопскиот градоначалник, кој зад себе има адвокатска кариера.

Scroll to Top