(Фото) Политичарите се сликаа со децата за да честитаат Нова година

Македонските политичари се фотографираа со семејствата и честитаа Нова година. Влатко Ѓорчев објави фотографија со сопругата и четирите деца, додека Антонио Милошески објави колаж од фотографии со неговата сопруга и деца од убавите моменти во 2019 година.

Министерката за одбрана и вицепремиерка Радмила Шекеринска упати новогодишни честитки од семејната викендичка во Маврово каде што ја мина Новата година со сопругот Божидар Јанковски и ќерката Ада.

Среќна нова година со фотка од семејството посака и вицепремиерот Бујар Османи.

Scroll to Top