Новак Ѓоковиќ вчера осми пат стана шампион на Австралија Опен, откако во финалето на турнирот го победи Доминик Тием. Српскиот тенисер доби бројни честитки, а на неговата победа се израдуваа и познатите од Македонија. На социјалните мрежи негови фотографии со пехарот споделија Каролина Гочева, Калиопи Буке, Јоце Панов, Дарко Спејко, Огнен Здравковски и други.
„Еден и единствен, браво шампионе“, напишаа Каролина Гочева и Калиопи.
За српскиот тенисер ова е осми трофеј во Мелбурн и 17. на Гренд слем турнирите. По победата на Австралија опен, од денес Ѓоковиќ повторно ќе се врати на првото место на АТП листата.