(Фото) Разголена Гавазова го мотивира сопругот додека дига тегови по дома

Сузана Гавазова позираше во костим за капење во новата куќа. Додека сопругот Јасмин дигаше тегови, пејачката се сликаше во црн дводелен костим за капење и бел каубојски шешир. Носеше и сандали со штикли со кои се прошета покрај базенот.

Неодамна се пофали и дека посвоила куче и дека оттогаш постојано ѝ прави друштво. За потсетување, Гавазова често објавува фотографии во костим за капење. Неодамна беше на одмор во Дојран и Грција, а имаше и исполнета музичка агенда и со колегите од фолк естрадата беше на турнеја во Австралија.

Успешно ги балансира професијата и приватниот живот, а неодамна со сопругот Јасмин ѝ го прославија 8. роденден на нивната помала ќерка Селена.

 

 

Scroll to Top