(Фото) Разводот ѝ годи на Велевска

Фолк-пејачката Елена Велевска, откако потврди дека се разведува, го смени и имиџот. Нејзината костенлива коса сега е во бакарна боја. На сликите што ги објави на социјалните мрежи Елена доби многу комплименти дека изгледа одлично. „Разводот ти годи“, „Кога жената прави големи промени во животот, прво ја менува фризурата“, „Убавино наша, ваква си најубава“, ѝ напишаа обожавателите во коментарите. Некои дури и ја споредија со популарната хрватска водителка Николина Пишек.

Веста за разводот на Велевска, која прв ја објави „Репортер“ пред еден месец, пејачката ја потврди неколку дена потоа. Велевска има три деца, ќерките Калија и Софија и синот Марко.

 

Scroll to Top