Синот на поп-пејачката Кристина Арнаудова, Максим, вчера наполни 10 години. Таа сподели фотографија од роденденската журка, која, поради пандемијата, мораше да биде само во кругот на семејството. „Среќна 10., Максим, убавино наша прва. Те сакаме бескрајно и се радуваме со секоја твоја радост и насмевка. Денот кога се роди ти е мојот втор роденден. Оваа година во кругот на најблиското семејство, но срцата ни се полни со љубов, а тоа е најважно“, вели Арнаудова.
Таа и нејзиниот сопруг Александар Петровски, освен Максим, го имаат и помалиот син Матео.