(Фото) Романтична венчавка покрај базен: Се ожени виолинистот Илија Филиповски

Виолинистот на групата „Маестро“, Илија Филиповски, викендов се венча со својата свршеница Анастасија. Романтично, покрај базен, со неколку најблиски. На венчавката Анастасија носеше жолт фустан со златни салонки, а Илија избра лежерно сино палто и панталони, со патики.

Двојката се сврши во април на Матка. „Таа рече ‘да’. Те сакам Анастасија“, напиша тогаш музичарот.

Освен што свири во групата „Маестро“, Илија долги години е член и на ансамблот на „Танец“, а претходно свиреше и во оркестарот кој со години настапуваше во емисијата за народна музика „Зајди зајди“.

Scroll to Top