Српските медиуми преплавија со информациите околу породувањето на снаата на Цеца. Вчера на големо се пишуваше за бебето Жељко, прославата на Вељко, музика, трубачи. Тука беа и честитките од многуте нивни фанови кои ги следат на социјалните мрежи, а меѓу многуте, Ражнатовиќ имаа честитка и од Македонија. Фолк-пејачката Сани Гроздановска со друштво направи здравица за новородениот Жељко.
Сани во објавата ги означи Цеца и нејзината ќерка Анастасија, кои први на Инстаграм јавија дека имаат внук.