Фолк-пејачката Сани Апостоловска сними фотосесија со најновите креации на модното студио „Ал Апарел“. Таа на социјалните мрежи сподели неколку фотографии од сликањето, а пријателите не штедеа комплименти ни за изгледот на пејачката, ни за фустаните што таа ги носи. „Жешка си во црвено“, „Вистинска манекенка“ стои во коментарите.
Сани неретко на своите профили објавува слики од настапите на кои е дотерана во секси издание и со отворено деколте. За фотосесијатата, пак, носи долги, елегантни фустани.