(ФОТО) Сара и Димитар ја обзнанија свадбената покана

Како што веќе ве информиравме, минатото лето во месец август водителот Димитар Атанасовски на плажа во Стомио, Грција ја запроси својата сакана, пејачката Сара Мејс.

Сара неодамна, по речиси една година ја прослави моминската, исто така на една од грчките плажи, па сега наголемо забрзано  се подготвува и за венчавката која со посебна причина ќе се случи за три дена, поточно на 5-ти август 2017. Но тоа не е конесе од венчавката на Диме и Сара, која како турска серија во повеќе продолженија!

Имено, на 5-ти август е закажана само свечената церемонија во црква, а датумот на запросувањето од лани има голема симболика и значење за познатата двојка, па токму поради тоа сакаат на тој ден да си се ветат еден на друг.

Свадбата ќе се случи на еден месец подоцна, и тоа на 2-ри сепрември, а водителот и пејачката веќе и ги отпечатија своите покани за сите нивни званици.

„Да ја прославиме љубовта со танц под ѕвездите“ – е пораката која стои на свадбената покана на Димитар и Сара, со која на симболичен начин тие ги канатт своите гости.

Токму Димитар и Сара беа едни од учесниците  популарното ТВ шоу „Танц со ѕвездите“ на МТВ, кои дотуркаа до самиот крај. Некои тврдат дека дури и првите љубовни искри во нивните очи заискриле токму таму, па оттаму и и симболиката во пораката за свадбената прослава на отворено!

(Извор/Вистина)

Scroll to Top