(Фото) Сара Мејс во свилен црн фустан го покажа трудничкиот стомак

Пејачката Сара Мејс објави фотографија на која го покажа трудникчиот стомак. Облечена во свилен црн фустан со харфата покрај неа, таа покажа дека може да свири и трудна.

Пејачката со нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски се пофалија на почетокот на годината дека ќе станат повторно родители.

„Бебе број два. Ако ги броиме и нашита миленици Атос и Бела со Димитар, а треба, е тогаш е број четири“, рече Сара.

За потсетување, тие веќе ја имаат ќерката Илина, која има три години, а во брак се од 2017 година.

Scroll to Top