(Фото) Сара објави прва слика од бебето

„Семејството е среќно“ напиша пејачката и харфистка Сара Мејс покрај првата заедничка фотографија со ќерката Илина и сопругот Димитар Атанасовски. Таа покрај сликата од пријателите доби комплименти дека бебето личи на неа, дека мајчинството ѝ годи, ама дека и Димитар одлично се снаоѓа штом Илина спие мирно на него.

Пејачката ја роди Илина на 10 септември и веднаш по породувањето рече дека не може да најде зборови за да опише како се чувствува како мајка. Илина е прво дете на Сара и Димитар кои се во брак повеќе од една година.

Откако Сара и Димитар дознаа дека ќе станат родители, велеа дека не сакаат да го знаат однапред полот на бебето. Тие често објавуваа слики од бременоста на Сара, а неколку дена пред Сара да се породи, направија забавна фотосесија и покажаа како изгледа таа во последните денови од бременоста. Димитар пред породувањето на Сара се шегуваше дека ќерката ќе се вика Северина ако се роди на 8 септември.

Scroll to Top